Џорџ Клуни ќе го игра Никола Тесла

Во новото остварување на Бред Бирд „Tomorrowland“, кое ќе биде во продукција на „Disney“,холивудскиот актер Џорџ Клуни ќе го игра Никола Тесла. Како што се зборува и самиот филм ќе биде наменет за овој научник.

На сајтот на imdb.com премиерата на филмот е најавена за декември идната година, а дејствието е опишано како:

„Споени со заедничка судбина, тинејџерот кој се интересира за науката и генијалниот пронаоѓач тргнуваат во мисија за откривање на места кои постојат во нивното заедничко сеќавање.“

 Иако воопшто не се зборува за Тесла во текстот, блогерот Метју Иман кој го води сајтот „The Oatmeal“ го повикале на состанок и му поставиле многу прашања за животот на Тесла, по што заклучил дека во филмот ќе се зборува за него.

27.09.2013 - 16:36