Златна зора ќе ги повлече пратениците од парламентот?

Лидерот на  Златна зора, Никос Михалољакос се закани дека нивните претставници ќе го напуштат парламентот.

Оваа закана доаѓа како одоговр на истрагата за убиството на раперот за кое се претпоставува дека го извршиле нацистите.

Властите, засилената истрага ја спроведуваат со цел да докажат дека  третата по големина партија во земјата е криминална организација.

Од Златна зора ги отфрлија тврдењата за каква било поврзаност со убиството на раперот, а нејзиниот лидер Николаос Михалолиакос предупреди дека може да ги повлече пратениците од парламентот, доколку расправата со неговата партија не биде прекината.

- Ние не донесовме конечна одлука. Сите опции се отворени. Златна зора има 18 пратеници од вкуно 300 пратенички места во Парламентот. Доколку пратениците на Златна зора излезат од Парламентот ќе треба да бидат изгласани нивни заменици на специјални избори во секој регион, што го претставуваат. Доколку на тие избори победи опозицијата, владејачката двопартиска коалиција ќе биде неодржлива, изјави Михалољиакос.

 

27.09.2013 - 16:03