ССК и ЗЕЛС ја формираа првата регионална мрежа за поволно деловно опкружување

Потпишан е договор за формирање Регионална мрежа за поволно деловно опкружување со институци од Хрватска, Србија и БиХ во Ријека помеѓу  Сојузот на стопански комори на Македонија и Заедницата на единиците на локалната самоуправа.

Се работи за прво тело со регионален предзнак задолжено за унапредување на условите за стопанисување во одделните економии и привлекување нови инвестиции.

ССК соопштува дека општините во регионот меѓу кои Велес и Струмица, кои го добија сертификатот за поволно деловно опкружување во ЈИЕ, ќе спроведуваат реформи во администрацијата во насока на унапредување на процедурите, јакнење на транспарентноста, намалување на бирократијата и обезбедување докуметни и податоци за потенцијалните инвеститори како неопходност во процесите на планирање на работењето и донесување инвестициски одлуки. 

27.09.2013 - 14:39
Фото: 
Вечер

најчитано сега