Апсење на аеродромот во Скопје
Вчера во 05:20 часот на Граничен премин „Аеродром Скопје“ било приведен 23-годишниот Л.С. од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за фалсификување исправа.
Како што информира МВР, на граничниот премин тој се пријавил да патува со италијанска лична карта и италијанска здравствена картичка на име Т.Б.Ј.(20). По извршена контрола било констатирано дека тој не влегол во Република Македонија со наведената лична карта, по што бил извршен преглед над него и му била пронајдена албанска патна исправа на име Л.С.(23) од Aлбанија. Во разговор со полициските службеници тој кажал дека италијанската лична карта и здравствена картичка ги купил во Албанија за 1.000 евра, а влез остварил со албанската патна исправа. Подоцна, тој бил предаден на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа