Се искршија три возила, има повредени - детали за сообраќајката која ја разбуди Македонија
Едно лице е повредено во несреќата која рано наутро се случи на патот Охрид-Ресен кај Буково, поради која беше затворен и сообраќајот.
Охридњуз пишува дека учествувале две товарни возила и автомобил Ауди со кавадаречки таблички. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, возачот на автомобилот се здобил со полесни повреди и е пренесен во болницата Св.Еразмо.
Увидот е во тек, а сообраќајот се одвива по една лента.
05.02.2019 - 10:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа