Мерцедес прегази жена во Битола - две страшни несреќи

 

Околу 05.30 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе,  41-годишниот Д.М. од Кратово, управувајќи патничко возило „Даеву тико“ со кратовски регистарски ознаки, удрил во пешак.

Се работи за 85-годишниот В.Д. од Куманово.  В.Д. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар Куманово. 

Исто така, во  21.40 часот на булевар „1-ви Мај“ во Битола, 43-годишниот В.Т. од Битола, управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.Н.(27) од Битола.

Од ударот Е.Н. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинск помош била пренесена во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2019 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега