Прекршочна пријава за обезбедувањето на МПЦ кое турна новинарка на Водици

47-годишен маж, вработен како обезбедување ангажирано од МПЦ, доби прекршочна пријава, откако турна новинарка на Канал 5, која ја извршувала својата работна задача на празникот Водици.

„Секторот за внатрешни работи Скопје по преземени мерки го расчисти случајот кој се случи на 19.01.2019 година во 12.00 часот на улица „Филип Втори Македонски“ во Скопје кога 39- годишната М.М додека извршувала работни задачи како новинар била турната од 47- годишниот Љ.Т, вработен во агенција за обезбедување. Против лицето е поднесена прекршочна пријава  по член 10 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Настанот е објавен на сајтот на МВР на 20.01.2019 година“, велат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2019 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега