Осквернавена црква во Дебар

 

Непознати сторители деновиве ја осквернавиле црквата „Свети Димитрија“ во дебарското село Броштица.

Настанот  во полиција го пријавил намесникот на дебарската парохија, Благоја Спироски. 

- Копано е кај престолот и на уште неколку места во црквата, а ископан е и еден гроб. Бидејќи црквата е новообновена и иконите кои се тука не спаѓаат во вредни икони, најверојатно вандалите барале закопано богатсво. Што всушност нашле не се знае, раскажуваат жители на селото, кои се згрозени од овој чин.

Во селото Броштица кое е родно место на познатиот македонски интерпретатор на народни песни Кирил Манчевски, некогаш живееле голем број православни семејства, а повеќе нема ни едно. Во него живеат Македонци со муслиманска вероисповед, кои од секогаш живееле во слога со православните и кога тие се отселиле се грижеле за верскиот објект и православните гробишта. 

најчитано сега