Демолирана редакцијата на грчкиот весник „Прото тема“

Петнаесетина лица вчера вечерта со камења и боја ја нападнале зградата на грчкиот весник „Прото тема“, кој повеќе пати е обвинуван дека ги поддржува неонацистите осомничени за убиството на антифашистичкиот активист и рапер Павлос Фесас, информираат од грчката полиција.

Вчера по 20 часот по локално време, над петнаесет лица ја нападнале редакцијата на весникот „Прото тема“, во северно предградие на Атина, кршејќи ги прозорците на зградата. Од полицијата информираат дека за среќа, немало повредени, а напаѓачите предизвикале само материјална штета на зградата и на неколку автомобили.

Пред да побегнат тие расфрлале флаери во кои го обвинуваат весникот дека го поддржува фашизмот.

„Прото тема“ стана цел на жестоки критики откако во неделата на својата прва страна објави фотографија на 34-годишниот Фесас, како умира во прегратката на неговата пријателка.

Убиството на Фесас, на 18 септември, од страна на 45-годишен маж за кој се тврди дека е приврзаник на неонацистичката партија Златна зора, предузвика шок и жестоки реакции во Грција. По убиството се огласи и грќкиот премиер Андонис Самарас, кој вети мерки против неонацистите. 

27.09.2013 - 09:14

најчитано сега