Конференција за состојбата на аудиовизуелните индустрии во Македонија

Денеска во организација на Катедрата на УНЕСКО при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, ќе се одржи конференција на тема „Аудиовизуелните индустрии, одржливиот развој и културната разноликост“.

Според најавите, на конференцијата ќе бидат претставени клучни наоди од анализата на состојбата на аудиовизуелните индустрии во Македонија. Свои видувања ќе изложат неколку претставници на овој сектор, меѓу кои и гости-експерти од регионот -   Весна Чопиќ од Словенија и Јака Приморац од Хрватска.

Предвидено е на конференцијата да учествуваат продуценти, режисери, автори, медиумски професионалци, претставници на релевантни институции, експерти и други субјекти од  областа.

27.09.2013 - 08:57

најчитано сега