Новите членови на Судскиот совет ќе дадат свечени изјави пред Вељаноски

 

Новоизбраните членови на Републичкиот Судски совет Лидија Каначковиќ и Селим Адеми денеска ќе дадат свечени изјави пред претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

Лидија Каначковиќ, судија во Вишиот управен суд и Селим Адеми, државен советник во Министерството за правда, на завчерашната собраниска седница со мнозинство гласови  беа избрани за членови на Судскиот совет на РМ.

27.09.2013 - 08:25

најчитано сега