Погледнете што ве очекува на патиштата низ земјава

На патниот правец А1 делница Миладиновци-Куманово, од 20.09.2013 започнаа интензивни геодетски теренски активности на правецот од клучка Крива Паланка до клучка Куманово.

 Од 11.09.2013 година започнаа градежни работи на планинскиот премин Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 километар. Сообраќајот се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот и се очекува да завршат до крајот на оваа недела.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

27.09.2013 - 08:20