Директор на основно училиште склучувал договори во четири очи, го оштетил Буџетот за 1,2 милиони денари

 

Директор на основно училиште во Кратово, без да објавува јавни огласи, склучувал договори во четири очи за набавка на разни стоки и производи, како и за изведување градежни работи, со што го оштетил државниот Буџет за повеќе од 1,2 милиони денари.

Според информациите на МВР, против Ј.Д.(57) од Кратово е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Тој е осомничен дека во периодот од 14.01.2013 година до 20.11.2017 година, како директор на Општинското основно училиште „Кочо Рацин“- Кратово, не објавил јавен оглас и не постапувал во согласност со Законот за јавни набавки, при што без склучување на соодветен договор за училиштето набавувал стоки, производи и изведувал градежни работи и монтажа со поголем број на правни лица.

Исто така, без објавување на јавен оглас склучил два договори со физички лица за извршување на градежни работи.

Ј.Д. на овој начин го оштетил Буџетот на Република Македонија во износ од 1.289.737 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2019 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега