Коцијанчиќ: Немаме коментар за тоа што Законот за јазици и Договорот со Грција се без потпис на претседателот

Европската комисија нема коментар за последните случувања поврзани со Законот за јазици и Договорот со Грција. Пресинг ТВ го праша портпаролот на Европската комисија Маја Коцијанчиќ дали за ЕУ е прифатливо што Договорот со Грција и законот за јазиците се објавени во Службен весник без потпис на претседателот, спротивно на Уставот.

-Ја прашавме Коцијанчич дали повикувањето на вледеење на правото во Македонија ќе важи и за овој случај. На сето тоа добивме одговор дека нема да коментираат, објави порталот.

„Ние сега ги следиме националните процедури за спроведување на договорот, но како и обично не ги коментираме“-изјави Коцијанчич за Пресинг ТВ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2019 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега