Кекеновски: Ахмети е вистинскиот лидер од сенка кој ја диктира судбината на Македонија

Професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид, Јове Кекеновски, се огласи на својот фејсбук профил и напиша дека ДУИ е партијата која ја диктира целата политика во Македонија.

„Жално, но вистинито

Од средината на 2008 година па се до денес (а веројатно и во блиска иднина) ДУИ е партијата која ја диктира целата политика во РМ, а Али Ахмети е вистинскиот премиер во сенка.

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и нивните лидери и премиери се само обични бајарактари и парадери кои кои секогаш чекаа и молеа согласност од Ахмети.

Ни се допаѓало тоа или не, сепак тоа е вистината. Одговорноста е во раководствата на двете политички партии кои се етикетираат како македонски“, напиша Јове Кекеновски на својот фејсбук профил.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2019 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега