Андов: Предвремените избори ќе ги одложат преговорите со ЕУ

Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, при вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија кажа посочи дека Македонија треба да стори сè што може за да ги започне преговорите со ЕУ во јуни годинава, а како што вели, евентуалните предвремени избори ќе бидат пречка за таквиот напредок.

 

– Ако се одржат предвремени избори, тогаш политичарите ќе се занимаваат со изборите и автоматски ќе се одложат преговорите со ЕУ. Ако, пак, навистина дојде до нешто такво, тогаш веќе нема да се знае кога повторно ќе започнат преговорите. Па така, во овој момент мислам дека не ни се потребни избори со цел, оти во спротивно ќе се соочиме со непотребни компликации. И самиот Христијан Мицкоски знае како стојат работите и свесен е дека неговото барање ќе биде одбиено, а исто така сметам дека треба да биде пресреќен поради тоа што ситуацијата не дозволува избори – кажа Андов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2019 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега