Селмани: Не ја исклучувам можноста повторно да се кандидирам за претседател

„Имам иницијатива и барања од познаници, непознаници, кои бараат да се кандидирам за претседател. Јас во 2009 се кандидирав за претседател и сум многу горд на тоа и имав голема поддршка. Не сум донел таква одлука и сметам дека не треба да ни преовладуваат личните амбиции, туку интересите на државата. Во еден процес кој мора да биде минимум демократски усогласен внатре во одредени консултации да иднините кандидати кои ќе се кандидираат треба да имаат поддршка и програма што самите си ја замислуваат, но и да имаат поддршка политичките партии граѓанските здруженија. Времето е кратко за размислување, јас лично не сум размислувал за тоа, има иницијатива, ќе видиме наредниот период, не е исклучено.“ - изјави Имер Селмани во вечерашното гостување во 24 Отворено. 

Селмани се кандидираше за претседател на претседателските избори во 2009 година како кандидат на Нова Демократија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2019 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега