Мицкоски: Доколку сум направил нешто незаконско досега ќе бев во ќелија со најмизерни услови

Денеска во „Отворено“ на Алфа телевизија гостин на Искра Коровешовска е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој говореше околу информациите дека има некакви криминали.

-Ако сум направил нешто незаконско досега ќе бев на најспектакуларен начин приведен и ќе ја имав ќелијата со најмизерни услови во Шутка.

Тој кажа единствено што се надева е дека ќе добие извинување од СДСМ околу тоа што е кажано за него.

Мицкоски посочи дека силно е мотивиран да им докаже на оние кои се против него дека ќе ја однесе партијата напред.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2019 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега