Мртов маж пронајден на паркинг во Ново Лисиче
Тело на мртов маж е најдено попладнево на паркингот кај стара последна 5-ка во Ново Лисиче. Телото е откриено во 17:15 часот, јавува Телма.
Мажот е струполен и се наоѓа зад автомобил паркиран на обележаните места. Првичните сознанија се дека станува збор за жител на соседната зграда.
Полицајците се веќе на терен и се очекува и крим техника да изврши увид. Засега нема информации за можната причина за смртта на починатиот.
11.01.2019 - 19:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа