Прегазен пешак - уште една страшна несреќа во Македонија
Околу 07.30 часот на крстосница од улиците ,,Арон Ароести “ и ,,Минела Бабуковски“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која патничко возило ,,Мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Љ.С. од Крушево удрило во пешак.
Се работи за 58-годишната Х.Н од Битола.
Од ударот Х.Н. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола, каде и била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.
11.01.2019 - 10:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа