Фрчковски: Амандманите на БЕСА се скандалозни и безобразни

И денеска продолжија преговорите со БЕСА, каде се бара техничка формулација за државјанството, што би била прифатлива и за БЕСА. По нивните закани дека нема да гласаат за уставните измени доколку во делот на државјанството не се избрише терминот „македонско“, премиерот денеска изјави дека, се разгледуваат можности, идентитетот да се задржи во државјанството за Македонците, но Албанците, Турците Србите и другите да не се почувствуваат обесправени. Во телефонски разговор за Телма“ професорот Љубомир Фрчковски, изјави дека ова е една од главните придобивки на Договорот.

Во член 1 од Договорот од Преспа, стои дека државјанството ќе биде македонско/државјанин на Република Северна Македонија. За професорот Љубомир Фрчковски, ова е една од главните придобивки на Договорот која нема шанси да не се урне, доколку се усвои амандманот на БЕСА. Негирањето на терминот „македонски“, вели, воопшто не е наивна работа, како што тие ја претставуваат.

За професорот е сосема погрешно и толкувањето на БЕСА, како што им се погрешни и амандманите.

Фрчковски појаснува дека, расправата за амандманите од легалистички аспект не е спорна. Расправа, вели, е можна до последен момент, до пред самото гласање, како и преформулација на амандманите, доколку предлагачот прифати сугестии.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега