ВМРО-ДПМНЕ: Скандалот се повеќе расте - Заев си имал нати го дајми го со јавните претпријатија

 

Зоран Заев се повеќе се заплеткува во мрежата од фирми која ја создаде.

Јавните претпријатија кои се во надлежност на Општина Струмица доделувале јавни набавки на фирмите на фамилијата Заеви и нивните бизнис ортаци, ама затоа пак, за возврат општина Струмица доделувала јавни набавки на фирмите на блиските роднини на директорите на истите јавни претпријатија.

Тоа е начинот на кој Зоран Заев им се оддолжувал на директорите кои ги поставува  и му одговараат за својата работа директно нему.

Денес ќе презентираме документи кои го потврдуваат и го разоткриваат овој добро испланиран систем.

Имено, фирмата Хит Бекатон ДООЕЛ Струмица која во моментот на склучување на договорите за јавни набавки била во сопственост на Костаке Трајков, шура на Панче Орцев, добила  јавна набавка на 17.06.2010 во износ од 1.519.179денари за изведба на работи.

Овој договор на Општина Струмица со шурата на Панче Орцев е склучен во време кога Панче Орцев бил директор на ЈПКД Комуналец. Тој оваа функција ја врши до парламентарните избори во 2011 година кога добива пратенички мандат.

Во меѓувреме додека Панче Орцев е директор на ЈПКД Комуналец, тој  доделувал јавни набавки на фирмите од фамилијата Заеви и нивните бизнис ортаци. Впрочем тој е директорот на ЈПКД Комуналец кој склучил договори за јавни набавки со фирмата Еленица во сопственост на братот и братучедот на Зоран Заев, со фирмата Тргопродукт која е во сопственот на братучетката и стрината на Зоран Заев, како и со фирмата Јавор Шпед која е во сопственост на бизнис ортакот на братот на Зоран Заев.

Нeсoмнено Панче Орцев и Зоран Заев си имале нати го – дај ми го. Орцев, директно назначен од Зоран Заев за директор на ЈПКД Комуналец, доделувал договори за јавни набавки на фирми од фамилијата Заеви и нивните бизнис ортаци, а Заев пак јавни набавки на шурата на Орцев.

Oчигледно, скандалот со јавните набавки во Струмица добива други, пошироки,  димензии. Ако досега говоревме за фирмите на семејството Заеви и нивните бизнис ортаци, сега можеме да говориме за испланиран систем во кој и фирмите на потесните семејства на директорите на јавните установи во општината се вклучени во испумпувањето на пари на граѓаните на Струмица.

Зоран Заев нека не се вади со директорите на јавните установи кои се под негова директна надлежност. Со овој случај, станува јасно дека тој еднаш им обезбедува јавни набавки на фирмите кои се во сопственост на луѓе кои им се блиски роднини на директорите, за да може потоа директорите да склучуваат договори со фирмите од фамилијата Заеви и нивните бизнис ортаци, а сите заедно учествувале во добро испланиран октопод за лично и семејно богатење.

Зоран Заев се правда со фактот дека давал јавни набавки и на други фирми кои не се дел од Кланот Заеви. Но ниту една друга јавна набавка не може да го покрие судирот на интереси кој постои при набавките со фирмите на неговиот татко, чичко, братучеди, стрина итн. Тоа хипотетички би личело како на приемр некој обвинет за кражба да ја правда својата кражба во една продавница со тоа што тврди дека не крадел од сите продавници во својот град. Смешно и неприфатливо.

Ние одговоривме на нивните прашања. Но СДСМ упорно избегнува да одговори и да признае нешто што цела јавност го виде. Г-дине Заев, дали ќе признаете дека Општина Струмица и општинските јавни институции давале јавни набавки и трансферирале пари на фирмите во сопственост на вашата фамилија?

 

 (Интегрален текст од прес-конференција на ИВо Ивановски, ВМРО-ДПМНЕ)

26.09.2013 - 14:05

најчитано сега