Пари од Здравствен дом префрлал на своја сметка - кавадарчанец си присвоил 350.000 денари

 

Кавадарчанец ја искористил фирмата во која работел. Се работи за 48-годишниот Г.М. вработен како благајник во ЈЗУ „Здравствен Дом“ Кавадарци, кој си префрлал пари на своја сметка.

Имено, кавадарчанецот започнувајќи од минатата година, па се до оваа, осум пати си префрлил пари од сметката на Здравствениот дом, на својата трансакциона сметка.

Со тоа, Г.М. го оштетил Здравственио дом за 355.168 денари кои му биле доверени во работењето.

26.09.2013 - 12:46

најчитано сега