Се искршија две возила во струшко - двајца итно во болница

 

Во 12,50 часот било пријавено дека на локалниот пат село Калишта кон село Франгово-струшко се случила сообраќајна незгода помеѓу  товарно моторно возило “ВМЦ“ со охридски регистерски таблици, управувано од страна на 33-годишниот Ц.С. од Драслајца-струшко, и патничко моторно возило “ Фиат Панда“ со скопски регистерски таблици, управувано од 32-годишниот Л.Н. од Велес.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ц.С. и сопатничката од патничкото моторно возило Д.Н. кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата “Свети Еразмо-Охрид“.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2018 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега