Несреќа во Македонија автомобил се заби во бандера - двајца повредени
Околу 03,25 часот било пријавено дека на регионалниот пат во близина на селото Мороишта патничко моторно возило “Фолсваген голф“ со струшки регистерски таблици
управувано од 30-годишниот Х.В. од село Ливада-струшко излетало од коловозот и удрило во бандера.
Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешка телесна повреда се здобил сопатникот во возилото Х.Ш.(26) од истото село.
Тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата “Свети Еразмо-Охрид“.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа