Продавачи на балони направија хаос во кафеана на Боемска

 

Околу 20.00 часот во СВР-Скопје било пријавено дека во угостителски објект на улицата “Боемска“  бил нарушен јавниот ред и мир од страна на три лица кои нуделе балони.

Откако гостите И.В. (29), А. Б. (43) и А. Х. (42) им кажале на лицата дека не се заинтересирани, побарале од персоналот во објектот да ги отстрани лицата, што и било направено. Но, по кусо време лицата се вратиле, при што едно од нив влегло во објектот и со секира ја оштетило вратата од објектот, а потоа почнале со столици да фрлаат кон гостите.

Напаѓачите по кратко време го напуштиле објектот, но по интервенција на полициските службеници биле приведени двајца од тројцата напаѓачи во Полициската станица Центар.

Притоа, констатирано е дека се работи за лицата Д. Д. (25) и С. Д. (43), двајцата од Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2018 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега