Скопјанец дивеел во аптека со полн шприц во раката

 

На 4 декември годинава  во аптека на Зегин Фарм ДООЕЛ Скопје која се наоѓа на Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје влегол разбојник околу 18.45 часот во аптеката со црна маска на лицето и полн шприц во раката, се заканил на вработената по што одзел 9790,00 денари. Второто разбојништво го сторил на 12 декември во 18.25 часот, во  ПЗУ Моја Аптека Зегин. На ист начин, со маска на главата и скалпел во рацете се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на вработените, по што одзел 1500,00 денари.

Со овие дејствија осомничениот сторил две кривични дела Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик, за што Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка.

Поради постоење на околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомниченото лице ќе го повтри кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на мерката притвор против осомниченото лице.​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2018 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега