Автобус прегази пешак: Голема трагедија во Македонија, починал на лице место

 

Во 18,50 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, кај Дебрешки надвозник, се случила сообраќајна незгода во која автобус со гостиварски регистерски таблици управуван од 50-годишниот А.А. од селото Долна Бањица – гостиварско, удрил во пешак.

Се работи за 52-годишниот И.Д. од селото Форино-гостиварско, кој од повредите на местото на настанот веднаш починал.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител возачот А.А. бил лишен од слобода и задржан во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2018 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега