Сто набљудувачи од ЕУ ќе ги следат изборите во Косово

Со меморандумот што го потпишаа Централната изборна комисија на Косово и Канцеларијата на ЕУ во Приштина предвидено е косовските локални избори да ги следат сто набљудувачи од земјите - членки на Унијата.

Претседателката на изборната комисија Ваљдете Дака, истакна дека потпишувањето на овој мемеорандум е од големо значење за Косово.

- Присуството на меѓународните набљудувачи на локалните избори има посебно значење за Косово, изјави претседателката на изборната комисија, Ваљдете Дака

Шефот на Канцеларијата на ЕУ во Приштина, Самуел Збогар нагласи дека овие избори се од особена важност за Косово.

- ЕУ реши да испрати сто набљудувачи се со цел изборите да минат во фер и коректна атмосфера и да не се повторат малверзациите и грешките што се случуваа во минатото, рече Збогар. 

26.09.2013 - 10:57
Фото: 
Денешен