Чешка со економска соработка ќе ја бодри Македонија на патот кон ЕУ

 

Чешка е многу гласен поддржувач за напорите на Македонија за полноправно членство во ЕУ, но исто така не сакаме да останеме само на таа системска поддршка, туку се обидуваме да соработуваме во конкретни области во кои нашето искуство од процесот за пристап во ЕУ и делувањето во неа би било корисно, вели чешкиот заменик-министер за индустрија и трговија Милан Ховорка во Прага за МИА.

Според Ховорка, македонската и чешката Влада се свесни дека нивната најважна улога е да создадат средина каде ќе вреди да се стопанисува, да се иновира и да се создаваат нови работни места.

- Порано или подоцна нема да стои ништо меѓу македонските производители и нивните конкуренти од Унијата и затоа од една страна треба да се преземат потребни мерки за македонската стопанска средина да биде способна да и се спротивстави на конкуренцијата. Истовремено, македонските фирми треба да бидат способни да ги искористат сите поволности на единствениот внатрешен пазар, а патот низ тие технички норми, низ правилата за конкурирање, правилата на државна помош и ред други норми, тоа е единствен пат преку кој вистински може да се дојде до целосно членство, истакна Ховорка, додавајќи дека главна цел е да создадат рамка во која ќе може да се движат чешките фирми и нивните македонски партнери.

Извор: МИА

26.09.2013 - 10:40

најчитано сега