Денко Малески: Не ме контактирала ниту една партија за шеф на државата

 

Професорот Денко Малески денеска за „Фактор“ изјави дека нема намера на никому да се нуди како кандидат за претседател на Македонија на изборите во мај и очекува партиите први да го контактираат.

-Јас го слушам само она што го даваат на телевизија и ништо повеќе. Иницијативата, според мене, треба да дојде од самите партии, бидејќи тие се предлагачи и даваат поддршка. Засега фазата на разговори не е дојдена и никој не контактирал со мене, а за тоа јас навреме ќе информирам - вели Малески за „Фактор“.

Синоќа вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи потврди дека Малески има поддршка од ДУИ за консензуален кандидат, а истото претходно го порача и лидерот на партијата Али Ахмети. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.12.2018 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега