Расмусен: Мисијата на НАТО во Косово е успешна приказна

Генералниот секретар на НАТО Алијансата, Андерс Фог Расмусен изјави дека меѓународните сили на НАТО ќе останат во Косово се додека тоа биде потребно.

Во изјава за „Гласот на Америка“ Расмусен нагласи дека Мисијата на НАТО во Косово е „успешна приказна“ и дека „сите страни во регионот го сметаат КФОР за непристрасен гарант на мирот и безбедноста“.

- Почнавме пред многу години со 50.000 војници, а сега имаме само 5.000, што го отсликува значителното подобрување на безбедносната состојба... Нашето присуство ќе продлжи се додека тоа биде потребно, истакна Расмусен.

Тој нагласи дека НАТО ќе помага во имплементацијата на Договорот меѓу Приштина и Белград.

26.09.2013 - 10:25
Фото: 
Денешен

најчитано сега