Три лица повредени во сообраќајка во Скопје

 

Дваесет и седум возачи се казнети бидејќи возеле со поголема брзина од дозволената, а девет возеле под дејство на алкохол во изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје.

Според билтенот на МВР, во текот на изминатото деноноќие се случиле вкупно 11 сообраќајки од кои во три полесно се повредени четири лица, а во осум е причинета материјална штета.

Од сообраќај се исклучени три нерегистрирани возила, а сообраќајната полиција издала казни за 50 возила кои биле непрописно паркирани. Со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 54 возила.

Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престигнување и двајца возачи кои немале зимска опрема во возилата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2018 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега