ФОТО: Нова атракција - Билјана бели платно на Охридското Езеро

На градското пристаниште во Охрид е поставена дрвена кукла која бели платном пренесува Радио Слободна Европа. Туристите можат да се облечат во нејзината облека, да се фотографираат со неа или да си купат сувенир.

Охриѓанецот Ѓоко Јанески на туристите им ја раскажува приказната за познатата охридска девојка Билјана која белела платно на Охридското Езеро. Тој за следната година највува и нови содржини.

 - Планираме повеќе Билјани да има. Да има една Билјана со пиралка, друга со ѓумови. Ова е голема тема. Ова е нешто што го нема никаде на планетата. Билјана порано беше присутна на сите проспекти за Охрид, а таа сега е заборавена и неа ја нема на ниту еден проспект. „Билјана платно белеше“ се пееше и во Кина, така едноставно се наместени нотите, рекол Јанески, пренесува РС Европа.

26.09.2013 - 09:53
Фото: 
Радио СЛободна Европа

најчитано сега