Запознајте го човекот кој не си ја избричил брадата 15 години!

Секој понеделник социјалната мрежа Инстаграм е полна со фотографии од Ајзеа Веб. Она што е интересно за овој човек е тоа што цели 15 години си ја нема избричено брадата, па секогаш смислува нешто смешно да направи со неа, а тоа го објавува на Инстаграм.

Ајзеа се прослави како „Incredibeard“ или Човекот-брада. Според неговите зборови, за неговата брада се грижи и неговата сопруга која му е голема поддршка.

- Јас можеби ќе добија идеја за некој дизајн, но таа е личноста која го постигнува обликот и стилот. Таа знае како да ја оживее уметноста на брадата. Јас не би бил ништо без неа, вели Ајзеа.

Инаку, Американецот има 29 годишни, а се нема бричено цели 15. Пред околу година и полоина, тој почнал да си ја обликува брадата со помош на сопругата.

26.09.2013 - 09:46