Пушки пронајдени во домот на 16-годишно момче од Маврово
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 16 годишно лице од село Сенце, Маврово и Ростуша за сторено кривично дело “недозволено изработување, држење и тргување или распрскувачки материи“.
На 7. овој месеца во село Сенце, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени пушка марка “Црвена застава“, расклопена пушка од руско производство, расклопена пушка од чешко производство и расклопена пушка непозната марка и фабрички број.
26.12.2018 - 13:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа