Завршна манифестација „Карван за климатски промени“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска ќе има свое обраќање на завршната манифестација „Карван за климатски промени“ во Свети Николе која e дел од проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени.

Настанот е реализиран од Мрежата за рурален развој на Република Македонија и ќе се одржи во Средното земјоделско училиште во Свети Николе. Целта на Карванот е да ги едуцира индивидуалните земјоделци и нивните заедници во однос на очекуваните ефекти од овие промени.

Експертите за климаткски промени ќе дискутираат за одредени проблеми со кои се соочуваат земјоделците, ќе споделат стратегии за адаптација кон ефектите од климатските промени и ќе ја нагласат важноста од проактивни одговори на ниво на заедницата.

Тригодишниот проект на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени стартуваше во април 2012, од страна на Мрежата за рурален развој на Македонија.

26.09.2013 - 09:29
Фото: 
Сител

најчитано сега