Советот за безбедност на ОН не се договори за Сирија
Петте постојани земји-членки на Советот за безбедност на ОН не успејаа да се договорат за нацрт-резолуцијата со која се предвидува Сирија да се откаже од хемиското оружје.
Неименуван американски претставник изјавил дека „работата во однос на постигнувањето договор за резолуцијата за Сирија се уште не е завршена“.
Претходно се појавија гласини дека е постигнат договор, но руската делегација ги негираше овие информации. Рускиот заменик-министер за надворешни работи Генадиј Гатилов претходно изјави дека договорот за резолуцијата ќе биде најверојатно постигнат во следните два дена.
Доколку Асад не го исполни ветувањето за предавање и уништување на хемиското оружје, западните земји сакаат да бидат предвидени можни санкции.
26.09.2013 - 09:26
Фото:
А1.он