Јанкулоска и Ристовски на хепенинг „Стоп за насилството“

Министерката за внатрешни работи Гордана ЈАнкулоска и министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска, во рамки на проектот „Безбедни училишта“, ќе учествуваат на хепенинг во Гостивар. Овој хепенинг се одржува и во други осум града во државата истовремено под мотото „Стоп за насилството“ и претставува најава за натамошно продолжување на превентивните активности во насока на едукација и заштита на малолетничката популација од девијантните појави.

На хепенингот ќе учествуваат ученици од средните училишта во Скопје, Куманово, Гостивар, Тетово, Кичево, Охрид, Струга, Прилеп и Македонски Брод, а се реализира во организација на МВР, мисијата на ОБСЕ во РМ, како и локалните самоуправи во овие градови. 

26.09.2013 - 08:38

најчитано сега