Попоски денеска тет-а-тет со Венизелос

 

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Њујорк ќе се сретне со својот грчки колега, Евангелос Венизелос, јавува МИА.

Според најавите, втората средба на Попоски и Венизелос ќе се одржи во 12 часот по њујоршко време,  а се одржува на маргините на 68-то Генерално собрание на ОН.

Централна тема на денешниот состанок во Њујорк се очекува да биде спорот за името.

Грчкиот министер пред неколку дена, по неговата средба со генералниот секретар на ОН, Бан Ки мун истакна дека Атина и понатаму инсистира на има име со географска одредница за севкупна употреба, што би подразбирало и промена на Уставот на Република Македонија. Попоски му одговори дека е уникатност да се перцепираш како лулка на демократијата, а истовремено да бараш Устав на една земја да се дефинира не од нејзиниот народ, туку од Влада на друга држава.

На вечерашната дебата за владеењето на правото одржана во рамките на Генерално собрание на ОН, Попоски забележа и на неспроведувањето на одлуката на Меѓународниот суд на правдата во врска со грчкото кршење на билатералната Времена спогодба.

26.09.2013 - 08:17
Фото: 
mfa.gov.mk

најчитано сега