Возел на ризик по автопатот Штип-Миладиновци кој не е пуштен во употреба - паднал во одводен канал
Возач возел на ризик по автопатот Штип – Миладиновци кој се уште не е пуштен во употреба, па авршил во одводен канал покрај необележаниот и неосветлен автопат, информира ТВ Стар. Причина за ова најверојатно била густата магла која вчера вечер ја имаше во регионот, поради што возачот изгубил контрола и завршил во каналот.
За среќа, поминал само со телесни повреди и сам повикал помош. Доколку сообраќајката била од поголеми размери, можело да се случи и со денови никој да не го најде, зашто автопатот не е пуштен во употреба и оттаму возила минуваат ретко.
24.12.2018 - 23:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа