Осуденици за Диво Насеље со струја се обиделе да убијат чувари во Идризово
Комбинација од среќа и присебност спасила чувари во затворот Идризово од струен удар и можна смрт за време на инцидентот што се случил пред дваесетина дена за време на протест за затворениците кои барале и тие да бидат опфатени со законот за амнестија. осуденици од Диво Насеље се обиделе да нападнат затворски чувари во својата ќелија, тврдат извори од затворот Идризово за expres.mk.
Во моментот кога чуварите влегувале во една од ќелиите каде што се сместени осуденици од Диво Насеље еден затвореник истурил кофа полна со вода а друг искинал кабли поврзани на електричната инсталација и го допрел влажниот под од ќелијата која требало да биде проводник за струјата до чуварите.
Само секунди и сантиметри ги делело чуварите од струен удар.
Изворите на expres.mk немаат информација дали против осудениците се поднесени дополнителни тужби. Тие и онака се осудени на доживотна казна затвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа