И Мис Пиги во музејот Смитсонијан

Во колекцијата Мапети на Џим Хенсон, која се наоѓа во музејот Смитсонијан во Вашингтон, Мис Пиги ќе се придружи на жабата Кермит.

Ќерката на Хенсон, Черил Хенсон, му подари денеска на Националниот музеј на Американската историја 20 кукли и реквизити од популарната серија.

Покрај Мис Пиги донацијата содржи и кукли на мечето Фози, Скутер и шведскиот готвач, како и неколку кукли од серијата „Улицата Сезам“.

 Мис Пиги ќе биде изложена во март идната година во рамки на поставката „Американски приказни“.

25.09.2013 - 15:39