Прогласена вонредна состојба во Сочи

 Поради поплавите и лизгањето на земјиштето е прогласена  вонредната состојба во рускиот гард Сочи.

 Нивото на водата по улиците изнесува околу 30 сантиметри кој предизвикаа големи проблеми во центарот на градот.

Патниот правец кој води до местото каде што треба да се одржат натпреварите од олимпијадата беше поплавен со околу 2,5 метри вода, додека пак жителите на селото Кепша што се наоѓа во близина на патниот правец, беа евакуирани.

Во изјава за државната телевизија претседателот на ОК на Русија, Александер Жуков  рече дека, Сочи ќе биде подготвен за игрите кои почнуваат на 7 февруари 2014 година. 

25.09.2013 - 15:31

најчитано сега