Никогаш не е доцна: Матурирала на 99 години
Деведесет и девет годишната Одри Кребтри од Ајова ја примила почесната диплома за завршено средно училиште во „Вотерлу 1 “ во Кедер Фолс.
Таа го напушти средното училиште пред 80 години , иако до матурата и останал само еден предмет.
„Сега се чувствувам многу по умна,“ , вели Кребтри која воето образование во едно средно училиште во Ајова , но во далечната 1932 година поради несреќа на пливање го напуштила.
„Само една оценка ме делеше од дипломата . Мислев дека следната есен ќе се вратам на училиште и ќе дипломирам “, се потсетува Одри.
Сепак тоа не се случило бидејќи Кребтри го запознала својот прв сопруг и започнала да работи во цвеќара.
И покрај се таа истакнува дека секогаш била незадоволна поради тоа што не го завршила средното училиште .
Токму затоа нејзината внука го контактирала средното училиште Вотерло и на својата баба и помогнала да ја организира церемнијата на доделувањето на дипломата.