Трагедија на македонските патишта - едно момче загина, две лица префрлени во болница

 

Едно момче загина, две се итно однесени во болница по сообраќајна несреќа која се случи вчера во 13:00 часот на локалниот пат село Падалиште-Гостивар. Управувајќи патничко моторно возило „Фиат панда“ со италијанска национална ознака, 21-годишниот А.Б од село Падалиште, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Возачот А.Б. и сопатниците, 25-годишниот А.А. и 23-годишниот А.Т. двајцата од село Падалиште, биле пренесени во Медицински Центар Гостивар, каде кај возачот А.Б. е констатирана смрт, А.Т бил префрлен во Ургентен центар Скопје.Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2018 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега