Златен медал за вино на Тиквеш на престижен германски натпревар

Ем наше, ем најдобро! Белото тероар вино „Барово“ на винарската визба „Тиквеш“ се закити со златен медал на натпреварот Mundus Vini, кој по 13-ти пат се одржува во Германија. Освен златниот медал, Тиквеш освои и еден сребрен медал за виното „Темјаника Special Selection” од истата берба.

Изборот го изврши меѓународно жири составено од 250 судии - дегустатори од 45 земји во конкуренција на над 6.000 вина од најпознатите вински региони во светот.

- Наградите што ги добиваме на светски познатите натпревари се значајни затоа што се одлична препорака за врвниот квалитет на нашите вина пред купувачите. Но, наградите од Mundus Vini имаат дополнителна  тежина, особено за динамизирање на извозот на македонското висококвалитетно флаширано вино на германскиот пазар, изјави Игор Илиевски генерален директор на ВВ „Тиквеш“.

Инаку, ова е трето злато и осмо сребро за висококвалитетните вина што „Тиквеш“ на ова престижно винско натпреварување. 

25.09.2013 - 14:37

најчитано сега