Иран го осуди секое злосторство против Евреите

Претседателот на Иран Хасан Рохани го осуди холокаустот извршен врз Евреите од страна на нацистите.

Иран со оваа прва осуда на холокаустот покажа нови знаци на радикални промени во Техеран.

- Секое злосторство против човештвото што се случило во историјата, вклучувајќи го и криминалот на нацистите кон Евреите, е за осуда и треба да биде осудено, изјави претседателот Рохани во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој, го осуди секое злосторството против Евреите, затоа што според него „одземањето човечки живот е срамно и е за презир“.

- Нема разлика во поглед на одземањето на човечки животи, без разлика дали станува за христиајни, евреи, или муслимани. За нас тоа е се исто, забележа иранскиот претседател.

Во интервјуто кое го даде за американската телевизија, тој во завиена форма го критикуваше создавањето на Израел, означен во Техеран како „стар непријател на иранската исламнска држава“.

- Холокаустот не значи дека може да речете, нацистите извршија злосторство против една група, па сега може да и се одземе земјата на друга група и таа да се окупира, рече Рохани.

Во јуни оваа година, Хасан Рохани на функцијата претседател го наследи го наследи Махмуд Ахмединеџад. 

25.09.2013 - 14:34

најчитано сега