Дедо Мраз со хеликоптер ќе им дели пакетчиња на децата на припадници на АРМ и МО

Децата на загинатите и починатите припадници на Воздухопловната бригада на АРМ и на децата на припадниците на бригадата и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана денеска ќе добијат новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз.

Дедо Мраз ќе пристигне со хеликоптер на воениот дел од меѓународниот аеродром Скопје, во касарната „Страшо Пинџур“.

Ова е традиционална предновогодишна активност „Пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер“ што ја организира воздухопловната бригада на АРМ. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2018 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега