Тешка сообраќајкла вечерва во Скопје - Брза помош и пожарникари на лице место
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва, во прериодот меѓу 19 и 19.30 часот во близина на хотелот Александар Палас во Скопје, пренесува Пресинг ТВ.
Како што информираат, во сообраќајката учествувале две возила, „Рено Сценик“ и „Опел Корса“, а има и повредени. На лице место пристигнала Брза помош, но и едно возило на противпожарната бригада.
Неофицијално, според информациите од минувачите што биле во близина кога се случила несреќата, до судирот дошло кога „Опелот“ излегувал од пристапната уличка од хиотелот кон булеварот, при што на него налетало „Реното“ кое се движело од Момин Поток кон Водно.
Како причина на ударот „Опелот“ се извртел по што удрил и во електричниот столб во близина.
Подетални информации ќе има откако ќе заврши увидот на екипите на МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа